Иванов денеска ќе му го додели мандатот за нова Влада на Груевски

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе му го врачи мандатот за состав на Владата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски , партија која на предвремените парламентарни избори освои најмногу пратенички места. По добивањето на мандатот Груевски има 20 дена рок до Собранието да достави состав и програма на новата влада. Собранието ја избира владата со мнозинство гласови. Вицепремиерот за Рамковен договор, Абдулаќим Адеми вчера изјави дека е договорена заедничка владина платформа меѓу ДУИ и ВМРО–ДПМНЕ.