Министрите за одбрана од ЕУ и НАТО на средба во Брисел

Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев заедно со своите колеги од Хрватска, Црна Гора, Исланд, Норвешка, Турција и Албанија ќе присутвуваат на денешниот состанок за политички дијалог на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и ЕУ. Со состанокот ќе заседава еврокомесарот за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон. Министертвото за одбрана соопшти дека на состанокот ќе се разговара за капацитетите за кризен менаџмент, операциите во Либија, мисијата за обука на сомалсиките безбоедносни сили, и соработката меѓу членките и земјите канидадти за ЕУ и НАТО.