Либиските власти не го признаваат Судот во Хаг

Владата на Моамер Гадафи го отфрли налогот за апсење на на либискиот лидер издаден од Меѓународниот кривичен суд. Либискиот министерот за правда судот го нарече „алатка на западните земји за гонење на лидерите од Третиот Свет“. Претходно Судот во Хаг издаде налог за апсење на Гадафи, неговиот син Сеиф Ал Ислам и шефот на либиската разузнавачка служа Абдула ал Сенуси поради обвинувања за сторени злостортва против човештвото. Обвинителите тврдат дека тие биле вмешани во убивањето на демоснтрантите кои се побунија против 4 децениското владење на Гадафи. Бунтовнитците го поздравија овој потег и соопштија дека ова значи оти „преговори со воени злосторници се невозможни.“