САД-конгресменката Бахман се кандидира за Претседател

Американската конгресменка Мишел Бахман од редовите на републиканците се кандидира за претседателските избори кои треба да се одржат догодина. Бахман , која има 55 години ја објави својата номинација во родениот град Ватерло во Ајова. Бахман се обидува да му се спротистави на Мит Ромни кој е републикански фаворит. Таа се залага за суштинско намалување на даноците и е силен противник на абортусот и геј браковите. Бахман некогаш беше демократ и работеше на претседателската кампања на Џими Картер во 1976