Иванов утре ќе му го врачи на Груевски мандатот за формирање влада

Претседателот Ѓорге Иванов утре ќе му го врачи мандатот за состав на Владата на на Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, партија која на предвремените парламентарни избори освои најмногу пратенички места. По добивањето на мадатот Груевски има 20 дена до Собранието да достави состав и програма на новата влада. Собранието ја избира владата со мнозинство гласови. Вицепремиерот за Рамковен договор, Абдулаќим Адеми денеска изјави дека е договорена заедничка владина платформа меѓу ДУИ и ВМРО–ДПМНЕ