Исланд ги започна преговорите со Брисел за влез во ЕУ

Исланд денеска и формално ги започна преговорите со Брисел за членство во ЕУ. Земајта ги започнува преговорите за 4 поглавијa од вкупно 30-те, со цел да се усогласи правната легислатива со европската. Од тие, две затвoри веднаш, тие за култура и за наука и образование. Но процесот може да се соочи со проблеми подоцна кога на ред ќе дојдат прашањата за риболовците и земјоделците. ЕУ се противи на риболовните традиции на Исланд.