Синдикатите во Грција повикуваат против мерките за штедење

Преставници на грчките Синдикати развиориле две огромни знамиња пред Акропол во Атина со повик Грците да застанат против новите мерки за штедење, за кои денеска треба да се дискутира во грчкиот парламент.Од Меѓународниот монетарен фонд и од ЕУ велат дека Грција мора да го одобри пакетот вреден 28 милијарди евра, кој предвидува зголемување на даноците, намалувања на трошоците за да може да ја добијат следната рата од 110 милијарди евра финансиска помош.
Анкетите покажуваат дека три четвртини од Грците се спротивставуваат на мерките. Моќните синдикати во Грција за утре и за во среда најавија штрајк за да се зголеми притисокот врз владата.