Сириските дисиденти одржуваат состанок за спас на земјата

Протести во Сирија

Повеќе од 100 сириски дисиденти се состанале денеска во Дамаск за да разговараат за начините како да се стави крај на кризата која ја зафати земјата по протестите против режимот на претседателот Башар ал-Асад. Некои активисти и преставници на опозицијата ја осудија средбата велејќи дека со тоа се дава легитимитет на режимот , додека продолжуваат операциите на безбедносните сили. Учесниците на состанокот, по интонирањето на химната , со едноминутно молчење им одале почит на жртвите и на цивилните и на воените. Од почетокот на протестите во март, досега загинале повеќе од 1400 луѓе.