Кекеши - без прогрес за името нема преговори со ЕУ

Унгарија смета дека Македонија има иднина во Европа и дека е во интерес на сите е спорот за името да се реши побрзо, што ќе овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ, изјави унгарскиот амбасадор во Скопје Ференц Кекеши во интервју за МИА.
Македонскиот случај, вели, привлече значително внимание и беше одржуван високо во европската политичка агенда за време на шестмесечното унгарско претседателство со ЕУ, што завршува на крајот на месецов.
- „Но, имајќи предвид дека немаше прогрес за името, Европскиот совет не беше во позиција да го стави ова прашање на агендата“, изјави Кекеши.