Дваесет години независна македонска дипломатија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го посети Министерството за надворешни работи, по повод 20 години независна македонска дипломатија.
Претседателот Иванов ќе се сретне со министерот Милошоски, а предвидено е да одржи и предавање за младите дипломати во МНР на тема „20 година независна македонска дипломатија – состојби, резултати и идни предизвици“.
Посетата на Иванов е прва официјална посета на претседателот на државата на Министерството за надворешни работи, како институција со која тесно соработува и се очекува во иднина оваа пракса да продолжи, соопшти МНР