Протести и контрапротести околу предложните реформи во Мaроко

Илјадници демонстранти протестираат низ улиците на Мaроко во знак на незадоволство од реформите кои ги предложи Кралот Мухамед. Критичарите на реформите забележуваат дека со мерките не се намалува моќта на монархот. Во меѓувреме, во Мaроко се организираат и контрапротести. Станува збор за последни од серија немири во северноафриканската земја кои настанаа по предложените промени на први јуни годинава.