Иран-Револиционерната гарда од утре стартува со воена вежба

Сцена од претходните воени вежби

Елитната Револуционерна гарда на Иран ќе започне воени вежби со лансирање на балистички проектили од различен дострел, соопшти државната новинска агенција ИРНА цитирајќи го командантот на гардата генерал Ами Али Хаџизадех. Воената вежба треба да започне утре. Револуционерната гарда секоја година врши воени вежби во регионот на Персискиот залив. Командантот на гардата изјави дека најновите вежби се порака за мир и пријателство со земјите од регионот.