Загинале шест алпинисти на француските Алпи

Тела нa шест алпинисти биле пронајдени денеска на висина од 2.700 метри на француските Алпи, соопштуваат властите. Засега не е познат идентитетот на алпинистите. Градоначалникот на Вилар д Арен, кој и самиот е планинарски водич, изјави дека алпинистите најверојатно загинале вчера утрото, а денеска телата ги открил еден планинар. Се претпоставува дека ги зафатила лавина помешана со камења.