Во Авганистан загинало девојче самоубиец

Осум годишно девојче загинало кога експлодирала торбата полна со експлозив што ја носела со себе. Девојчето во тоа време минувало пред полициска станица во јужен Авганистан. Според авганистанските власти, девојчето носело торба полна со домашно изработен експлозив .Торбата и ја дале Талибанците. И досега имало случаи кога милитантите користеа жени самоубијци или пак мажи облечени во женска облека. Но да се користат деца досега не било пракса, се наведува со соопштението од авганистанското министерство за внатрешни работи. Експлозијата не предизвикала штети на полициската станица.