Грција-контролорите на летови ќе штрајкуваат во вторник и среда

Аеродромите во Грција ќе бидат затворени за слетување и полетување на патнички и товарни авиони во вторник и среда. Од Унијата на контролори соопштуваат дека и тие ќе учествуваат во 48-часовниот генерален штрајк закажан за 28 и 29 јуни за време на парламентарните дебати за среднорочната програма со која се предвидени драстични скратувања во државниот буџет.
Унијата на контролори на летови соопшти дека се очекува да бидат откажани или одложени стотици летови на грчки и странски авиокомпании. За време на штрајкот тие ќе работат само со авиони кои минуваат над грчкиот воздушен простор, воени авиони како и летови на владини или други посебни авиони