Напад на полициска станица во Ирак, 12 повредени

Најмалку 12 луѓе се повредени во експлозија во полициска станица во близина на Багдад, главниот град на Ирак, соопштуваат тамошните власти. Бомбаш самоубиец се разнел во полициската станица, додаваат тие. Меѓу повредените 9 се полицајци , а тројца цивили. Извор од министерството за внатрешни работи пак вели дека двајца се убиени а 17 повредени.