Либија-Црвениот крст врати 100 луѓе во Триполи

Од Црвениот крст соопштуваат дека повеќе од 100 Либијци се вратиле во главниот град Триполи по 27-часовно возење со брод од истокот на земјата, кој е во рацете на бунтовниците. Бродот пристигнал на пристаништето во Триполи утрово. Портпаролот на Црвениот крст рече дека тие сакаат да им помогне на повеќето луѓе кои патуваат, но дека сите патници мораа прво да добијат одобрение од двете страни. Во петокот, Црвениот крст однесе околу 300 луѓе во Бенгази од Триполи.