Русија-полицијата привела неколку геј активисти

Николеи Алексиев и порано бил апсен за време на паради,септември 2010

Руската полиција уапсила повеќе од десетина активисти за човекови права кои учествувале во геј митинг за време на викендот. Во полиција кратко бил задржан и водечкиот активист за правата на геј популацијата Николеи Алексиев. Групата од околу 15 луѓе, меѓу кои и активисти од Украина и Белорусија, протестирале вчера во Санкт Петербург . Вчерашниот протест беше одржан во знак на солидарност со геј парадите што се одржаа во градовите низ Европа, еден ден откако Њујорк стана шестата американска држава во која се легализираа хомосексуалните бракови. Властите не им дозволуваат на активистите за човекови права да одржат протест во Русија .