Украина-приговорите на Тимошенко одбиени, судење ќе има

Тимошенко и нејзиниот адвокат

Судот во Украина ги отфрли приговорите на поранешниот премиер Јулија Тимошенко, и таа ќе мора да се соочи со судењето кое треба да започне на 29 јуни. Tимошенко е обвинета за злоупотреба на власта. Судијата ги отфрли приговорите дека обвиненијата против поранешната премиерка се политички мотивирани и оркестрирани од страна на претседателот Виктор Јанукович. Во судницата во Киев, Тимошенко обвини дека целта на судењето е да се ликвидира опозицијата во Украина. Случајот против Тимошенко се однесува на договорот за гас со Русија потпишан 2009-та , кога таа беше на власт.