Вељаноски повторно претседател на Собранието

Трајко Вељаноски

Собранието откако ги верификува мандатите на новите 123 пратеници повторно го избра Трајко Вељаноски за претседател на законодавниот дом.
За Трајко Вељаноски гласаа 70 пратеници, двајца беа воздржани, а 47 против.
Предлогот за верификација на мандатите го даде Верификациската комисија, формирана на денешната конститутивна седница, по разгледувањето на извештајот на ДИК со конечните резултати од парламентарните избори на 5 јуни.
Со верификацијата на мандатите, на пратениците кои се членови на Владата или извршуваат други функции им престанува досегашната функција.