Блатер-Првенството во Германија добро за женскиот фудбал

Тимот на Аргентина

Претседателот на Светската фудбалска федерација Сеп Блатер изјави дека престојното светско првенство во Германија ќе биде пресвртница за женскиот фудбал. Светското првенство на кое ќе учествуваат 16 репрезентаци е добро за целиот свет, изјавил Блатер. Претседателката на организациониот одбор на Светското првенство и поранешен играч Штефи Џонс се надева дека Германија ќе биде добар домаќин. Светското првенство се одржува од 26 јуни до 17 јули во неколку градови во Германија.