Вељаноски пак предложен за претседател на Собранието

Трајко Вељаноски

Досегашниот претседател на Собранието на Трајко Вељаноски е предложен за прв човек и на новиот пратенички состав Koмисијата за прашања на изборите и именувањата предлогот ќе го достави до Собранието и за него треба да се гласа на продолжението од денешната конститутивна седница.
На седницата на Комисијата пратениците од СДСМ, НСДП најавија дека тие на пленарната седница ќе гласаат против тоа Вељаноски повторно да стане прв човек на законодавниот дом. Како аргументи за нивниот став пратениците од СДСМ и НСДП Емилијан Станковиќ, Горан Минчев и Горан Мисовски го посочија минатогодишниот првојулски инцидент во Парламентот, како и носењето на Деловникот и на повеќе закони без опозицијата. Според Станковиќ, Вељаноски и во иднина ќе дејствува како продолжена рака на матичната партија ВМРО-ДПМНЕ. Имер Алиу од ДПА побара ДУИ да се изјасни за кандидатурата на Вељаноски зошто, како што рече, таа е резултат на некаков договор меѓу партнерите во коалицијата.