55 гулаби во лет, во чест на Борис Трајковски

Борис Трајковски

Денеска беа одбележани 55 години од раѓањето на загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. На гробиштата во Бутел каде е закопан, цвеќе положија семејството, преставници од државните институции и граѓаните. Во чест на Трајковски беа пуштени во лет 55 гулаби. Борис Трајковски е роден во Струмица на 25-ти јуни, 1956 година. Загина во авионска несреќа во Мостар, Босна и Херцеговина на 26 февруари, 2004 година