Верификувани мандатите на новите 123 пратеници

Собранието на денешната прва конститутивна седница едногласно ги верификува мандатите на новите 123 пратеници . Предлогот за верификација на мандатите го даде Верификациската комисија, формирана на денешната конститутивна седница, по разгледувањето на извештајот на ДИК со конечните резултати од парламентарните избори на 5 јуни. Со верификацијата на мандатите, на пратениците кои се членови на Владата или извршуваат други функции им престанува досегашната функција.
На дневен ред на седницата што ја води најстариот пратеник Љубисав Иванов од Социјалистичката партија, покрај избор на претседател и членови на Верификациска комисија и верификација на мандатите на новите пратеници, се и избор на членовите на Комисијата за избори и именувања и изборот на претседател на Собранието.
.