Нова операција на сириските сили на северот од земјата

Трупи на сириската армија

Тенкови на сириската армија навлегле во село на границата со Турција, како дел од владината акција за сузбивање на демонстраните кои се против владиниот режим. Трупите навлегле во селото Ал Наџија кое се наоѓа во близина на пристанишниот град Латакија на турската граница. По насилствата на северот повеќе од 12 илајди Сиријци пребегаа во Турција. Активистите за човекови права велат дека сириските безбедносни сили убиле најмалку 18 луѓе вчера во Дамаск, во Хомс и Кисва за време на новите анти-владини демонстрации.