Рускиот тајкун Прохоров лидер на Партијата на вистинската цел

Од денешниот конгрес во Москва

Рускиот милијардер Михаил Прохоров е избран за лидер на руската партија на вистинската цел. На денешниот конгрес, во поздравниот говор пред 170-те партиски членови Прохоров го критикувал владеењето на само една партија во Русија, но напоменал дека неговата партија не е опозициска. Партијата во 2012 ќе го подржи Дмитри Медведев за втор мандат за претседател. Со изборот на Прохоров се најавува враќањето на биснисмените во политичкиот живот на Русија по пауза од една декада. Прохоров инаку е сопственик меѓу другото и на американскиот кошаркарски тим Њу Џерски Нетс.