Во Техеран се одржува Самит за борба против тероризам

Претседателите на Авганистан, Иран и Пакистан

Во Иран денеска започнува дводневниот самит посветен на борбата против тероризамот. На состанокот кој се одржува во министерството за надворешни работи во Техеран, ќе учествуваат претставници од Авганистан, Ирак, Пакистан, Судан и Таџикистан, како и претседатели на влади и на парламенти од уште неколку земји. Уште 80 претставници на регионални и интернационални организации, експерти и преставници на држави се очекуваат да учествуваат на Самитот. Иран досега во неколку прилики ги критикуваше Соединетите држави и другите западни сили, дека ја загрозуваат безбедноста во Авганистан и Ирак со нивното воено присуство. За Техеран најдобро решение за борбата против тероризамот е да им се дозволи на земјите од регионот да се гружат за безбедноста во регионот а странските трупи да си одат.