Кина-најголемиот интернет пребарувач вложува во туризам

Најголемиот кинески интернет пребарувач Баиду ќе инвестира 306 милиони долари во промоција на домашниот туризам. Од Баиду соопштуваат дека ги вложуваат парите во домашниот сајт за патувања Ќунар, затоа што, земјата брзо закрепнува од светската економска криза. Менаџерот за финасии на Баиду вели дека патувањето одамна е една од нивните најдобри категории, а и бројот на патници расте со огромна брзина. Кина е најголемиот
„ онлине“ пазар во светот, со 447 милиони интернет користиници, според официјалните бројки.