Во Сирија убиени најмалку 15 демонстранти

Најмалку 15 луѓе загинале, меѓу нив и две деца кога сиријските власти за безбедност пукале врз демонстрантите кои веќе три месеци бараат оставка на претседателот Башар ал Асад. Локалниот комитет за координација на протестите соопшти дека 10 луѓе биле убиени во Дамаск, четворица во градот Хомс, а еден во Хами во централниот дел на земјата. Според наводите на сириската опозиција, досега најмалку 1400 луѓе биле убиени, а над 10 илјади притворени во владините пресметки со демонстрантите против претседателот Асад, чие семејство веќе 4 децении владее во Сирија.