Ердоган го подржува планот за независност на Палестина

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека го поддржува планот на Палестинците да побараат од Обединетите нации признавање на независна држави.
Ердоган ова го изјави во Анкара по средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу претходно се сретна со Абас, кој е лидер на палестинското движење Фатах како и со лидерот на радикалното движење Хамас, Халед Мешал.