МПМ ги демантира новинарите на Утрински

Менаџментот на Медиа Принт Македонија денеска ги демантира наводите на новинарите од Утрински весник. Според МПМ она што тие го изнесоа на прес-конференција не соодетствува со намерите на компанијата, целите на нејзината деловна политика, како и уредувањето на весникот.
- Обидот преку повикувањето на јавноста и пласирањето неосновани политички инсинуации го оценуваме како непримерен притисок врз правото на една приватна компанија да ги уредува сопствените односи внатре во куќата согласно нејзините економски интереси и развојни цели. Мерките за рационализација, превземени на ниво на целата групација по налог на сопствениците веќе даваат позитивни финансиски ефекти во одделни друштва и со самото тоа го оправдуваат нивното донесување и примена. Никој на ниво на групацијата не е изземен со мерките на штедење и рационализација, така што тоа не може да биде и во случајот на Утрински весник, пишува во соопштението од МПМ. Новинарите на Утрински за утре најавија спонтан штрајк и неизлегување на весникот