Во првото тромесечие македонскиот БДП порасна за 5,1 %

Скопје

Стапката на раст на бруто-домашниот производ за првото тримесечје од 2011 година изнесува 5,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2010 година, номинално расте за 7,5 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 76,9 отсто.
За истиот период, извозот на стоки и услуги забележа зголемување во номинален износ од 40,5 отсто, а увозот номинално порасна за 43,6 проценти.
Во првото тримесечје од 2011 година е забележан пораст во повеќе сектори, најголем во Градежништво, 21,2 отсто, и во секторите Вадење руди и камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода, 13,7 проценти.