Европските банки разгледуваат дополнителен план за Грција

Грчкиот Премиер Јоргос Папандреу

Европските банки и официјални претставници од финансискиот сектор го разгледуваат предлогот постоечките долгови на Грција да се заменат со различни видови хартии од вредност и на тој начин да се реши проблемот на резервираност на агенциите за кредитен рејтинг кон планираното репрограмирање на долгот.
Предлогот содржи доброволна замена на долговите со хартии во вредност со различен состав, со цел да се избегне агенциите за кредитен рејтинг да го намалат рејтингот на Грција на ниво на „банкрот“.
Европските банки, осигурителните компании и официјалните претставници на национални сектори за финансии оваа недела одржуваат состаноци, со цел да најдат решение за должничката криза на Грција