Иванов му ја честиташе на Јосиповиќ одлуката на ЕУ за членство на Хрватска

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска по телефон на претседателот на Република Хрватска Иво Јосифовиќ му ја честиташе за одлуката на Европскиот совет за присоединување на неговата земја кон Европската Унија.
Во разговорот Иванов рекол дека заокружувањето на хрватските преговори со ЕУ е добра вест не само за граѓаните на Хрватска, туку и за целиот регион.
Европските лидери денеска дадоа зелено светло за присоединување на Хрватска кон ЕУ, одобрувајќи го завршувањето на преговорите за членство, водени со Загреб од 2005 година,
Се очекува Хрватска да стане членка на ЕУ на 1 Јули 2013 година.