Американскиот економски раст позитивно ревидиран

Американскиот економски раст во првиот квартал е ревидиран за 0,1 насто односно на 1,9 проценти годишно темпо, ја соопшти владата својата финална проценка.
Оваа мала нагорна линија во Бруто домашниот производ, кој претходно беше на 1,8 насто е над очекувањата на аналитичарите.
Сепак, стапката потврдува остро забавување на најголемата економија во светот од 3,1 отсто темпо во четвртиот квартал од 2010 година.