Илјадници протестираа во Сирија - 9 убиени

Бегалски камп во Турција

Илјадници лица денеска протестираа во Сирија против Претседателот Башар ал Асад и покрај три месечното воено пресметување со опозиционото движење.
При денешните судири најмалку 9 лица биле убиени кога владините сили отвориле оган во Дамск, Кишвах и Хомс.
Досега, според активистите, се убиени над 1500 лица а 12 илјади пребегнаа во Турција.