Штрајк во Утрински Весник поради кратење работни места

Утрешното издание на „Утрински весник“ нема да излезе бидејќи новинарите на весникот стапија во еднодневен спонтан прекин на работата. На прес-конференција тие денеска соопштија дека се решиле на ваков потег во знак на протест заради најавите за кратење на работните места.
- Денеска и официјално за тоа дојдоа да ни ја соопштат процедурата претставници на Медиа Принт Македонија. Се планираат откази за десет, а можеби и повеќе колеги, што имајќи ја предвид бројноста - не има 47, сметаме дека е најефикасен начин за брзо згаснување на весникот, изјави Билјана Јовановска, новинар во весникот. Според неа новинарските плати во „Утрински весник“ се движат меѓу 200 и 400 евра, така што најавеното отпуштање на 10 новинари, нема осетно да влијае на финансиската состојба во весникот.
Главниот и одговорен уредник на весникот Соња Крамарска, како што посочуваат новинарите, не стои зад нивниот протест.