Постигната согласнот за 5 годишниот економски план на Грција

Папандреу и Ромпеј во Брисел

Грција доби согласност од меѓународните кредитори за 5 годишниот економски план кој има за цел да ја спаси државата од банкрот.
Министерот за финансии на Грција Евангелос Венизелос постигна во Атина договор со ЕУ и ММФ за дополнително зголемување на даноците и ограничување на расходите за да се обезбедат 3,8 милијарди евра од пакетот од 28 милијарди евра кои Атина вети дека ќе ги обезбеди.
Во Брисел грчкиот премиер Јоргос Папандреу пак вети дека во парламентот ќе поминат радикалните економски реформи. ЕУ од своја страна, како што изјави Претседателот Херман ван Ромпеј, ја афирмираше посветеноста да и помогне на Грција да ја преживее должничката криза. ЕУ го повика Парламентот во Атина да ги усвои предложѓените реформи.