Обама бара напредок во преговорите за Нагорно Карабах

Американскиот претседател Барак Обама

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама им телефонирал на претседателите на Ерменија и Азербеџан за да го поттикне напредок во разговорите за крај на конфликтот околу Нагорно Карабах. Телефонските разговори се по повод денешниот самит меѓу ерменскиот претседател Серж Саркисиан и неговиот азербеџански колега Илхам Алијев. Самитот ќе се одржи во Казан, Русија и домаќин ќе биде претседателот на земјата Дмитри Медведев.