Проблеми со студијата за нафтоводот Бургас-Александрополис

Бугарското Министерство за заштита на животната средина соопшти дека земјата по трет пат ја одби еколошката студија за нафтоводот „Бургас-Александрополис“. Според министерството оценката на новиот извештај за влијанието на проектот врз екологијата повторно не задоволува.
Бугарската Влада на учесниците во проектот им даде два месеци за доработка на извештајот.