Временска прогноза-сончево со мала облачност

Во текот на денот ќе има умерено наоблачување особено во попладневните часови кога се очекува појава на нестабилност со локален дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево, попладне со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 34 степени.