Љуљзим Баша е градоначалник на Тирана,

Љуљзим Баша и Еди Рама

Кандидатот на владејачката Демократска партија во Албанија Љуљзим Баша победи на изборите за градоначалник во Тирана, соопшти денеска Централната изборна комисија по третото пребројување на гласовите од локалните избори на 8 мај. Според последното пребројување на глсасовите Баша освоил 95 гласови повеќе од лидерот на опозициската Социјалистичка партија Еди Рама.
Опозицијата може да го обжали и ова пребројување пред судскиот колегиум за изборите.