И Франција најави повлекување војници од Авганистан

Никола Саркози

Франција денеска ги следи чекорите на американскиот претседател Барак Обама за повлекување на војници од Авганистан , и најави дека и таа ќе го стори истото. Претседателот Никола Сакози изјави дека и Франција ќе започне со повлекување на војниците од Авганистан , на пропорционален начин и по сличен распоред како на американските војници. Франција има 4.000 војници во Авганситан. Обама вчера изјави дека од Авганистан ќе ги повлече своите 33 илјади војници до септември следната година. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го поздрави говорот на Обама, но за Талибанците тоа е само симболичен говор, и тие остануваат да се борат додека странските сили не си заминат.