Црна Гора- владиката Амфилохије пред суд

Црногорскиот митрополит Амфилохије

Црногорскиот митрополит Амфилохије денеска се појави пред судот за прекршоци во Подогорица, каде му се суди за говор на омраза. Владиката побара судијата да биде сменет, по што судењето е прекинато. Обвинителството во јануари побара да се покрене прекршочна постапка против Амфилохије затоа што во неколку јавни настапи го навредувал националното чуство на црногорските граѓани и го прекршил законот за јавен ред и мир. Амфилохије се соочува со парична казна ако биде осуден. Злогласниот владика е познат по своjот про-српски национализам. Тој е на чело на црквата во Црна Гора, која е дел од Српската Православна Црква