Курдската партија ќе го бојкотира Парламентот во Турција

Турскиот Парламент

Новоизбраните курдски пратеници во Парламентот на Турција решија да ја бојкотираат работата на Парламентот , откако на еден од пратениците му бил одземен мандатот. Одлуката треба попладнево и официјално да биде соопштена. Партијата за мир и демокртија на изборите освои 36 пратеници. Еден од пратениците е лишен од своето место затоа што го изгубил спорот што претходно се водеше против него за ширење
терористичка пропаганда.