Средба Груевски-Папандреу во Брисел

Премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папанреду на средба во Брисел

Премиерот Никола Груевски на маргините на Самитот на Европската народна партија ќе се сретне со грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Средбата е закажана за околу 17 часот. Премиерот, придружуван од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и шефот на неговиот кабинет Мартин Протоѓер во Брисел присуствува на Самитот на Европската народна партија, политичка групација која ги обединува партиите со десна и десно центристичка ориентација во Европа.