Белорусија-полицијата притвори демонстранти во Минск

Полицијата во Белорусија вчера притворила околу 200 луѓе кои учествувале на митинг против претседателот Александар Лукшенко. Освен во главниот град Минск , биле притварани луѓе и во другите градови на Белорусија Околу 1000 луѓето се собрале во Минск за да протестираат против економската криза во земјата. Митинзите се ретки во Белорусија, но луѓето се организирале преку социјалните мрежи. Земјата во последните месеци се бори да ја надмине кризата, која доведе до девалвација за 36 проценти на нивната валута.