Ослободен кинескиот дисидент Веивеи

Аи Веивеи

Официјален Пекинг потврди дека со кауција бил ослободен уметникот Аи Веивеи, но тој, како што е наведено, се уште бил под истрага и затоа не може да го напушти неговиот дом без дозвола. Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека 54 годишниот дисидент Веивеи бил пуштен откако наводно признал дека затајувал данок. Тој беше притворен во април за време на големата операција на кинеските власти што предизвика осуда и барања за ослободување од западните организации за заштита на човековите права.