Продолжува судењето за „Пајажина,,

Велија Рамковски

Судскиот процес против обвинетите во случајот „Пајажина,, продолжува денеска. Во обвинителниот акт, кој треба да биде прочитан денеска Велија Рамковски и останатите 22 обвинети се товарат, меѓу другото, за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и злоупотреба на службената положба. Судскиот совет на последното рочиште одржано на 14 јуни го прифати предлогот на адвокатите да се изврши медицински преглед во стручна установа на обвинетата Ѓултен Џемаили поради нарушување на здравствената состојба. На синот на Велија, Хеди Рамковски ќе му се суди со отсуство.