Ослободителна пресуда за холандски пратеник за ширење омраза

Герт Вилдерс

Судот во Амстердам денеска го ослободи холандскиот десничарски партеник Герт Вилдерс кој беше обвинет за ширење омраза и дискриминација на муслиманите. Вилдерс изјави дека исламот бил фашистички, а Коранот го спореди со Хитлеровата книга ,,Мојата борба,,. Тој инсистира дека неговите коментари биле дел од легитимна политичка дебата. Неговото судење беше прво што во Холандија се пренесуваше на живо.